А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за локалните избори

by А1он05/09/2017 - 09:0505/09/2017 - 09:06262
Share0

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за советници и за градоначалници за претстојните Локални избори 2017. Според прегледот по општини на ДИК, граѓаните даваа потписи за 48 независни листи за советници и за 27 кандидати за градоначалници.

Следете a1on на Instagram Instagram

Потписи за независен кандидат за градоначалник, според прегледот објавен од ДИК, собираа по двајца кандидати во Битола – Кирчо Ташков и Јорго Огненовски, во Охрид – Горан Китевски и Стевче Стевовски и во Чучер Сандево – Ацо Поповски и Јован Пејковски. Потписи за кандидатури за градоначалник собираа и во Брвеница Енвер Бајазити, во Валандово Стојан Манолев, во Вевчани Господин Попоски, во Гази Баба Тони Ѓуровски, во Градско Глигур Коцев, во Дебарца Јадранка Бибан, во Дојран Тони Ајцев, Зрновци Методи Николов, во Кавадарци Борис Давидов, Карпош Владимир Кофчегарски, Куманово Маријанчо Анделовски, Македонски Брод Жарко Златески, Могила Стево Пивковски, Неготино Ѓорѓи Ајтов, во Новаци Пецо Мицовски, Петровец Ѕвонко Цветковски, Пробиштип Горан Филовски, Радовиш Јуре Ѓерѓиев, Ранковце ивица Тошевски, Струга Насто Палиоски и во скопската општина Центар Андреј Жерновски.

Потписи се собираа и за 48 листи за советници, а најмногу – 12 имаше во Македонски Брод, четири во Петровец и три во Радовиш.

Официјално за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15 октомври ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според Роковникот за спроведување на Локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

Следете a1on на Youtube YouTube

До 9 септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во Избирачкиот список. Граѓаните увид можат да направат во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку апликацијата на веб-страната на Комисијата www.sec.mk. Од 21 август до вчера увид во Избирачкиот список направиле над 16 илјади лица.

Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

izborilokalni izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он07/09/2026 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео