Испитите и колоквиумите на факултетите може да се организираат електронски, но не и со физичко присуство

Од:

Факултетите не смеат да организираат испити и колоквиуми со физичко присуство, вели министерот Арбер Адеми, потенцирајќи дека уредбата на Владата која е донесена на почетокот од пандемијата и вонредната состојба, останува во сила. Во овој период, факултетите можат да организираат само активности преку средствата за електронска комуникација и истото засега ќе важи и за јунската сесија. За физичко присуство, прво ќе мора да се донесе протокол од Комисијата за заразни болести.

„Знаеме дека во меѓувреме имаше петиција за да не се организираат испитите преку средствата за електронска комуникација, особено јунската сесија, сеуште оваа одредба од уредбата е во сила, бидејќи сеуште сме во вонредна состојба. Ние сме во постојана комуникација со високообразовните установи, па ако се одлучиме да дадеме можност јунската сесија да биде со физичко присуство, тоа ќе биде по донесување на конкретен протокол од страна на Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести. Така што, мора да се почитуваат препораките од Владата и здравствените органи и авторитети“, кажа Адеми.

Според него, досега организираните испити поминале без никаков проблем.

„Сите наши одлуки и решенија биле мотивирани од најдобриот интерес на учениците, професорите, наставниците. Навреме донесовме уредба со законска сила каде предвидовме дека целата дејност во високообразовните установи ќе се организира преку средствата за електронска комуникација. Така што, одржување на испитите, одржување на колоквиумите, одбрана на додипломски трудови, магистерски трудови, докторски трудови, одлучивме уште на почетокот на пандемијата да се организираат онлајн имајќи во предвид дека секој ученик и студент треба да продолжи со образовната надградба и во вакви околности. Знаеме дека во меѓувреме се организираа испитите, нема никаков проблем, во уредбата стои дека факултетот сам треба да обезбеди технички услови за да има кредибилитет на процесот на оценување на студентите“, додаде Адеми.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски