Исмаил: И МАНУ ли е напикана во трлото на Диктаторот?

Од:

Ѓунер Исмаил по информацијата дека денеска се состанало Претседателството на МАНУ, изразиле загриженост за политичката криза и бараат отворен и толерантен дијалог, побуди внимание со својот став, објавен на неговиот профил:

„МАНУ проговори ли некој збор за Бруталното кршење на автономијата на универзитетот, да речеме!? Проговори ли МАНУ за тепањето и исфрлањето на пратениците од Собранието!? Проговори ли МАНУ некој збор за гушењето на СИТЕ СЛОБОДИ, за монтираните судски процеси, за политичките затвореници!?

– Ја заслужи ли МАНУ буквата М, или веќе одамна е само една од многуте институции окупирани и напикани во трлото на Диктаторот. Сеуште ни звонат ушите од акламациите што му ги упатија на Диктаторот на промоцијата на неговата магистерска теза со што сосема свесно се ставија во негова служба и го охрабрија земјава да ја доведе до ова дереџе. Народи кои доживеале ЦРН ДЕН, како ние нашиот ЦРН ПОНЕДЕЛНИК не заслужуваат да имаат ваков збир на “услужливи духови“ кои, еве денес дознаваме, биле загрижени“.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска