Имајки ги предвид нелогичностите на одлуки на Уставниот суд на Република Македонија, со кои се задаваат обврски кон граѓаните кои воопшто не можат и не смеат да бидат обврзувачки, потоа нелогичностите на одлуките на редовните судови, со кои исто така се задаваат обврски или ограничувања во остварувањето на правата на граѓаните и тоа секогаш кога се во прашање обврски кои произлегуваат од институции кои имаат јавни овластувања, сето тоа на штета на граѓаните, за што во низа беше поставувано прашањето за тоа кои и чиви права се штитат со ваквиот начин на постапување.
Има редица примери на судски постапки, но и на постапки кои не добиле судски епилог, во кои главната содржина ја имаат сметките за струја на ЕВН испорачани до граѓаните, со назнака – КРАЖБА (се мисли на кражба на струја).
На тој начин, уште од самиот старт на ваквото постапување на ЕВН, се согледува монополското однесување на оваа институција.
Имено, ЕВН не претставува институција која може да констатира, или која може да потврдува, дали станува збор за КРАЖБА на струја или не.
Утврдувањето на ваквите параметри е во рацете на судот, но проблематичноста настанува токму тука.
Во тој смисол, наспроти претходно споменатите одлуки на Уставните судови на Република Српска и на Република Хрватска, во делот на утврдувањето дека струјата, односно водата, не смеат да бидат предмет на исклучување во домаќинствата, редовните судови во Република Македонија, почнувајки од Основните, а потврдени со Одлуки на Апелационите судови, потврдувањето на неправилно констатираните наводни кражби на струја, го сведоа на безлични постапки, па релевантни докази за тоа дена не постои неовластеноко користење на електричната енергија, остануваат без никакво значење за дел од судиите во посочените судови.
Нарушувањето на правата на граѓаните се согледува и во незаконитото овозможување на оваа институција да пристапи до броилото на граѓанинот и да го исклучи од системот на напојување кога ке посака.
За да небулозата биде поголема, за повторно да биде вклучен во системот, граѓанинот е принуден да плати соодветен надомест за самото приклучување, а висината на таквиот надомест, која воопшто не е занемарувачка, зависи дали граѓанинот ќе сака да биде приклучен истиот ден, или ќе се задоволи со тоа да биде приклучен наредниот ден.
Се поставува прашање, кој им дава дозвола на овие служби да пристапуваат до броилата на граѓаните без нивно знаење и без нивно одобрување, а потоа се поставува наредно прашање, зошто овие служби на ЕВН, можат да ја исклучат струјата кога ќе посакаат и тоа без никаков надомест, односно можат тоа да го направат во рамките на платата која ја примаат (иако немаат никакво законско право на тоа), но за приклучувањето постои надоместок, кој не е од никакво значење за самото приклучување.
Имено, и без овој надоместок, службите на ЕВН можат да ги поврзат потребните кабли и да го спроведат приклучувањето. Во такви услови, се поставува прашање за што се потребни овие средства? Економистите, кои многу подобро можат да ги објаснат ваквите релации, ова го нарекуваат екстра приход, од причина што добиваат средства без да направат било какво излевање на средства. Секако тука треба да се додаде дека се работи за институција која дава јавни овластувања кон граѓаните и институција на која со Устав и е забрането монополско однесување на пазарот, а истовремено не и е дозволено да ја исклучува струјата која ја користат граѓаните.
Во услови кога граѓанинот нема друг начин од каде да се снабдува со електрична енергија, па ваквото постапување од страна на ЕВН секако спаѓа во недозволеното монополистичко однесување, оправдано и од страна на судот.
Согледувајки ја ваквата небулоза пласирана токму од оние што треба да бидат гарант во делење на правдата и зачувување на основните човекови права во едно современо општество, сега на тоа се спрема и институцијата која стопанисува со водата, па граѓаните се почесто добиваат опомени за наплата на заостанат долг, долг и од пред повеќе години, а во спротивно следи заканата за исклучување на водата.
Каков ќе биде епилогот и на ова поле, ќе биде предмет на понатамошни анализи, но ќе биде предмет и на барање одговорности, кои ќе мора еден ден да следат.
Адвокат – М-р. Стојанче Геровски