Две лица од Скопје, С.С.(15) и С.М.(68) вчера се пријавени од нивните семејства за исчезнати.
Како што соопшти МВР, за С.С. пријавила нејзината мајка Н.С.(40) во полициската станица „Чаир“, откако девојчето се оддалечило од домот во непознат правец.
Исчезнувањето на С.М., пак, го пријавила неговата сестра К.М.(61) во полициската станица „Карпош“ откако тој пред 15 дена излегол од домот и не се вратил.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.