ИРУ ќе одржи Конгрес за избор на ново раководство

Од:

Во пресрет на 50 години од одржувањето на Првиот Светски конгрес на Ромите, Интернационалната Ромска Унија (ИРУ) денеска преку видео конференциска врска ќе го одржи својот 11-ти Конгрес на кој ќе избира ново раководство.

На Конгресот ќе се избира претседател за нов мандат во траење од четири години. Актуелен претседател на ИРУ е Зоран Димов.

Во својот состав, Конгресот на ИРУ брои 100 делегати и членови од над 55 држави, од сите континенти.

-Како претходница на овој Конгрес ИРУ организираше уште други пет континентални видео конференции со своите делегати и членство од Северна и Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија и Европа во периодот од 22 до 25 јуни 2020 година. За првпат во историјата на ИРУ, покрај членството и делегатите на ИРУ својот глас за повалиден и поширок добиен мандат ќе биде спроведен и со гласање на Ромите од целиот свет преку Веб платформата на ИРУ со гласање преку електронска пошта, се наведува во соопштението на ИРУ.

Би можело да ве интересира

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он