Иринеј бачки: Треба да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ

Од:

Епископот бачки Иринеј (Буловиќ) изјави дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање.

Во интервју за српскиот неделник „Печат“ објавено на сајтот на Бачката епархија, епископот Иринеј, кој е духовен отец и еден од најблиските сoработници на српскиот патријарх Порфириј, вели дека актуелната општа состојба во С.Македонија и духовната потреба на верниците поттикнува и повикува на дијалог како единствено исправен начин за решавање на проблемот.

Тој посочува дека веќе нема, како што наведува, судско-полициско насилство врз Јован Вранишковски,  првиот архиереј на автономната од СПЦ, ПОА, нејзините свештеници, монаси и верници. Сепак, забележува дека се уште не била спроведена одлуката на судот во Стразбур за регистрација на ПОА.

– Сметам дека без оглед на овие негативни нуспојави, општата атмосфера кај нашите јужни соседи, а пред се неопходната духовна потреба овозможува продолжување на дијалогот меѓу нашата Црква и Црквата која е во раскол. И не само што го овозможува, туку нè охрабрува и не повикува на дијалог како единствен правилен и ефективен начин за надминување на овој повеќедецениски проблем. Единството на Црквата и нејзиниот канонски поредок се најголемиот Божји дар за нас и, истовремено, најважната задача и подвиг, вели епископот на СПЦ, Иринеј бачки.

Повикот за возобновување на дијалогот меѓу Српската и Македонската црква доаѓа по неодамнешниот прием на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи кај вселенскиот патријарх Вартоломеј, што од претставници на Фанар беше оценето како голем чекор на Вселенската патријаршија за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА.

Приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј следуваше по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата „Св. Пантелејмон“, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним.

Српската православна црква, претходно преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Патријархот на СПЦ Порфириј осуден на четири месеци условна казна за мобинг врз свештеник во Љубљана

Предраг Петровиќ

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање