Инвалидските пензии и посвојувањата главни извори за корупција

Од:

Најголемиот број претставки и најголемите можности за корупција има кај социјалната заштита, барањата за инвалидски пензии и посвојувањата, нагласи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешниот форум на кој се говореше за тоа дали и како се пријавува корупцијата во институциите, ефектите и резултатите.

Царовска рече дека сака да говори за онаа корупција што е помеѓу сите нас и за која како општество како да имаме толеранција и не гледаме на одредени постапки кои значат поддршка на коруптивни дејствија.

– Малку зборуваме за корупцијата, во образовниот процес недостигаат програми за ваков тип на едуцирање на населението, истакна Царовска.

Таа додаде дека МТСП ќе воведе посебен модул, како дел од социо-националниот развој кај децата, за етичко постапување и програми соодветни за децата во предучилиштното образование да разберат зошто некои елементи што ги имаат како интеракција со семејството, се погрешни.

Меѓу другото таа информира дека уписот во градинките е направен да биде по електронски пат, бидејќи тоа е „место за борба за место плус“ и може да се случи да има одредени моменти на корупција.

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Софка Пејовска Дојчиновска посочи дека од 2016 година, кога е донесен Законот за укажувачите, односно „свиркачи“, па до оваа година, немало ниту една пријава од укажувачи, додека прв пат во 2019 година има 19 пријави од укажувачи, по кои се постапува.

Таа потсети дека Законот пропишува санкција за сите институции кои нема да овластат лице за внатрешно пријавување на корупција, иако има и одредба согласно која доколку нема овластено лице, тогаш одговорно е првото лице на институцијата. Според неа, ДКСК има право да поведе прекршочни постапки за институциите каде што нема овластено лице или не се донесени внатрешните процедури за пријавување на корупција.

Пејовска Дојчиновска, меѓу другото, уште еднаш повтори дека граѓаните сериозно се загрижени за начинот на вработувањата во јавната и државна администрација. Проблем се, укажа таа, и законските пропусти, кои оставаат можност за корупција, непотизам и други форми за вработувања во институциите.

Таа посочи дека граѓаните имаат доверба да пријавуваат корупција во институции, бидејќи за неполна година од формирањето на ДКСК од февруари годинава „има цунами од поднесени пријави“ од граѓани со сомнежи за корупција или судри на интереси.

Според заменик министерот за здравство Арменд Арслани, во Министерството за здравство нема пријави за корупција, иако има конкретни поплаки за постапување, односно за работењето на лекарите.

На прашањето дали тоа што нема пријави се должи на недовербата кај граѓаните или неинформираноста каде можат да пријават корупција, Арслани истакна дека не се пријавуваат корупција иако постои државен Здравствен и санитарен инспекторат и главно пријавите се однесуваат на лекување, на третман на пациентите во здравствените установи или незадоволство од страна на здравствените работници.

На дежурниот телефон мој термин, потенцира тој, досега не е добиена пријава за корупција.

– Законот важи за сите подеднакво и за сите треба да има не селективен пристап. Останува на наделжните институции до крај да го расчистат случајот, но да се почитува и правото на презумпција на невиност, одговори Арслани на новинарско прашање до каде е и дали воопшто има постапка за неговиот претходник Асим Муса, кој беше фатен со мито и дали тој сега работи како лекар.

Како одговорен член на оваа заедница, потенцира Арслани, секогаш сум бил против сите форми на корупција во сите сегменти во општеството

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски истакна дека со дигитализацијата на царинските постапки превентивно се постапува во борбата против корупцијата, додавајќи дека зголемениот број пријави за корупција е заради тоа што се преземаат мерки за зголемување на свеста и совеста првенствено кај вработените.

Тој информира дека ако се споредат 2018 со 2017 година, има за 39 проценти зголемен број на пријави за корупција, додека во првото полугодие од 2019 година бројот на пријави на линијата за пријавување корупција 197 е зголемен за 31 процент.

– Најчесто предмет на пријавување е оддложувањето на царинските постапки за да се има влијание и да се добие некој вид надомест, дали во пари или услуга. Самата должина на постапката навестува дека некој сака од некого нешто да извлече, рече Танасоски.

Тој го спомена електронското определување на вредноста на половните возила за царинење преку директно добивање на вредноста од базата на каталогот во Германија, при што во првите месеци имало доста реакции и од граѓани, но и од царински службеници дека „им се нарушила тезгата која во минатите година фухнкционирала беспрекорно“.

– Во некои истражувања 21 процент од учесниците во царинската постапка им е добро да имаа корупција односно за нив е прифатливо да остане коруптивното дејство бидејќи така ги завршуваат работите полесно и остварауваат најразлични бенефити, нагласи Танасоски.

Помошникот министер за вантрешна контрола во МВР, Дејан Андонов информираше дека во Министерството постои лице овластено да прима пријави од граѓаните за внатрешно и надворешно укажување.

– Се уште постои тој ѕид на солидарноста меѓу вработените во МВР и затоа внатрешното укажување е на многу ниско ниво. Се уште не се охрабрени тоа да го пријават, рече Андонов.

Тој информираше дека граѓаните најчесто пријавуваат непрофесионално постапување на полициските службеници, а најчесто се однесува на сообраќајната и на градежната полиција.

Помошник министерот за внатрешна контрола во МВР соопшти дека во првите девет месеци од 2019 година имало 279 кривични дела за корупција, а пријавени се 454 сторители.

Во 2017 година внатрешната контрола во МВР поднела 355 иницијативи за утврдување дисциплинска одговорност против вработени во МВР, во 2018 – 338, додека за 11 месеци во 2019 годиона тој број е 302 иницијативи.

Еден од учесниците презентираше податок дека дури 80 проценти од институциите, кои законски се обрзани да имаат лице каде ќе се обратат укажувачите, немаат определено такво лице.

Заменик министерот за здравство Арслани беше прашан дали во Министертсвото за здравство имаат одредено овластено такво лице, на што тој немаше прецизен одговор и рече дека мора да има овластено лице.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК