Интерпелацијата на Спасовски повторно на дневен ред на собраниска седница

Од:

Републичкото Собрание денеска на продолжение на 86-та седница треба да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Закажана е и 88. седница на Парламентот, со расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Пратениците, меѓу останотото, на 86. треба да расправаат и за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

Дел од дневниот ред се и измените и дополнувањата на законите за јавен долг, за регистрирање на готовински плаќања, за ревизија, за вршење на сметководствени работи, за субвенционирање на станбен кредит, како и Предлог законот за прекинување на бременоста, во прво читање, Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Во Собранието за денеска е закажана и 88. седница со расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Би можело да ве интересира

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година