Интензивно чистење на улиците во Карпош за спречување на коронавирусот

Од:

Утринава, цистерните на локалната самоуправа ги миеја локалните улици низ Карпош 3, а се чистеше и околу контејнерите, со машините под висок притисок т.н. вапови.

Овие активности се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици и населби.

Сепак, активностите за редовно миење на улиците продолжуваат и во претстојниот период, откако Општина Карпош набави две цистерни, со грант од Светска банка (Министерство за финансии).

При денешниот теренски увид, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека Општината продолжува со следење на ситуацијата со коронавирусот на локално ниво, а се преземаат и дополнителни мерки:

– Следува вонредна дезинфекција на училиштата и градинките, која ќе се темпира пред почетокот на наставата. Веќе два дена се поставуваат постери на фреквентни места со препораки од властите, со цел да се обезбеди поголема информираност на карпошани. Укинати се приемните денови во административните простории, но, комуникацијата ја продолжуваме по електронски пат. На овој начин можат да се извадат и потврди за редовен ученик или одење во градинка, рече Богоев.

Градоначалникот упати апел и до младите, но и до сите граѓани, да се придржуваат до препораките, со цел да се спречи ширење на вирусот, кој е активен на глобално ниво.

Богоев истакна дека овој пат, институциите покажуваат подготовеност и дека од оваа криза може да научиме и системски трајно да се подобриме во работењето.

– Сега, не е време за политички надмудрувања, затоа што јавното здравје нѐ засега сите. Тоа не познава партија, религија ниту националност!

Мојата порака до младите е дека кафето можат да го испијат дома, а на NETFLIX сигурно имате неизгледана серија! Да бидеме солидарни! Со нашата дисциплина да му помогнеме на медицинскиот персонал и на здравствените власти, кои периодов се жртвуваат за нашето здравје. Сме поминале многу кризи, но малку сме научиле! Овој пат имаме шанса СИСТЕМСКИ ДА СЕ ПОДОБРИМЕ, да поставиме нови практики, и во политиките, но и во начинот на размислување кај сите нас!

Би можело да ве интересира

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае