Инспекторите открија низа пропусти во работењето на погони во Стакларница

Од:

Државниот инспекторат за животна средина изврши контрола во кругот на Стакларница, во присуство на државен, градски и општински инспектор, поради тоа што има инсталации кои спаѓаат под различна надлежност.

Државниот инспектор изврши надзор во шест инсталации, од кои три печатници, два погони за складирање и третман на отпад и едно складиште за хемикалии (погон за складирање на отпадно стакло и производство на стаклен гранулат, како и склад за старо железо, благородни метали, батерии и акумулатори).

При увидот во печатниците беше констатирано дека досега воопшто не била спроведена обврската од одобрените елаборати, која наложува да се вршат мерења на испарливи органски соединенија. Тие беа задолжени тоа да го спроведат, во присуство на инспектор.

Погонот за производство на стаклен гранулат беше задолжен отпадот од прозорската столарија, кој преостанува по сечењето на рамно стакло што се користи како суровина, прописно да го отстранува, наместо да го чува во кругот. Исто така, ситните честички што како отпад се создаваат од производството на стаклен гранулат и се чуваат во џамбо вреќи надвор од погонот, треба прописно да ги складираат и предадат на овластена компанија.

Утврдено беше и дека складиштето за хемикалии не поседува одобрен елаборат за заштита на животната средина и се даде обврска тој да се изработи во најкус законски рок. Овој елаборат треба да го одобри општината.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари