Инспекциските служби извршиле 5718 надзори и контроли од 28 декември до 3 јануари

Од:

Седум инспекциски служби од 28 декември до 3 јануари извршиле вкупно 5718 надзори и контроли. Информирајќи одделно по инспекторати, претседателката на Инспекциски совет Магдалена Грашкоска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 74 надозори врз чија основа изрекол шест решенија.

ДЗСИ во овој период издал и 4576 решенија за самоизолација за лица со коронавирус и за лица кои биле во контакт со заразени, што е 20 отсто помалку од претходната седмица (20 до 27 декември) кога биле издадени 6576 решенија.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршил 4652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува. Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени од 28 декември до 3 јануари.

-Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашковска.

Инспекторатот за транспорт извршил 29 надзори, за непочитување на материјалните закони се изречени една прекршочна пријава и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела овој Инспекторат не констатирал прекршувања односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Инспекторатот за труд извршил 440 надзори во правни субјекти во целата држава и изрекол 17 решенија и еден прекршочен платен налог. Трудовите инспектори во овој период не констатирале неправилности по Законот за заштита на населението од заразни болести и протколот за превентивни мерки на сите работни места.

Агенцијата за лекови, пак, имала 11 надзори во аптеки и веледрогерии при што не се констатирани неправилности, а Агенцијата за храна на ветеринарство извршила 207 надзори, при што се издадени пет решенија, 14 едукации и еден прекршочен платен налог по основ на нерегистриран оператор и неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување производ.

Државниот инспекторат за животна средина од 28 декември до 3 јануари извршил 27 надзори и за неправилности од областа на животната средина се изречени две решенија со задолжување да се подобри работата на правните субјекти.

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашковска очекува и за претстојните празници, Бадник и Божик, граѓаните и стопанствениците да бидат совесни и, како и за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 и здравствените протоколи, најавувајќи дека инспекторите ќе прават интензивни контроли и надзори на терен.

Би можело да ве интересира

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска

„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Маја Илиевска-Пачемска

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска

Заев и Николовски се сретнаа со инспектори од Државниот пазарен инспекторат

Ана Ололовска

Заев на средба со инспекторите од ДПИ пред одлуката за разрешување на Пауновски

Ана Ололовска