Иновативен во Минхен, не и во Скопје

Од:

Македонскиот електро-инженер Ванчо Чамушев кој веќе подолго време работи во странство, понудил проект решение до Град Скопје за кружна гаража, кое било одбиено. Оваа негова идеја веднаш била прифатена во Минхен, каде што се очекува и да биде ставена во функција до септември годинава.

Кружната гаража на Чамушев чини 700.000 евра, зафаќа површина од 180 квадратни метри и собира 96 паркирани автомобили.

Тоа е идеално решение кое што заштедува простор и пари со оглед дека е приспособена да работи сама и да користи енергија од сонче и ветер.

За споредба, катната гаража која се гради до плоштадот во Скопје собира 280 паркирани возила, зафаќа простор од 8.220 квадратни метри, а чини 5,8 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Следната есен оглас за субвенции за плиски уреди во автомобилите

Наум Локоски

ЕВН Македонија и Град Скопје поставија електрични полначи на повеќе локации низ градот

Ана Ололовска

Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила

Емир Латифовиќ