Инфективниот оддел во Куманово останува да работи, вториот оддел затворен

Од:

Општата болница Куманово денеска информира дека Инфективниот оддел за пациентите со полесна и средно-тешка клиничка слика на Ковид 19, останува во функција, но одделот Инфективно 2 (зграда од одделот уво, грло и нос) е затворен и пациентите ќе бидат транспортирани на Инфективна клиника Скопје поради рационализација на персоналот, соопштуваат од болницата.

-Досега згрижувавме преку 30 пациенти, а немавме ниту простор, ниту услови за поголем број пациенти, ниту стручен кадар, бидејќи од четири инфектолози, двајца се на боледување, се вели во објавата на кумановската Болница.

Оттаму уште еднаш апелираа до кумановци да ги следат препораките на СЗО и на Министерството за здравство, да останат дома и заеднички да се победи вирусот.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане