ИНЕРКОМ: „Војната“ околу авторските права да биде оставена по завршување на кризата

Од:

Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ денеска упати реакција на допис којшто, како што наведува во соопштение, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го упатило до оператори на јавни комуникациски мрежи и побарало да се исклучат регионални канали.

Според ИНЕРКОМ, „војната околу авторските права треба да биде оставена по завршување на вонредната криза од коронавирусот.

-Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот, наведува ИНЕРКОМ.

Иронично, наведува ИНЕРКОМ, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите.

-Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од него, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса, стои во соопштеието од ИНЕРКОМ.

Бараат Владата и Министерството да не преземаат чекори кон донесување на уредби со што операторите би биле приморани да ги исклучат каналите. ИНЕРКОМ истовремено им препорачува а операторите постапките кои ќе ги повлечат да бидат во интерес на нивните корисници, аплеирајќи да го пролонгираат исклучувањето на услугите во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он