Индустриските производи со повисоки цени во март

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 проценти, а за 4.4 проценти споредено со март минатата година.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени во секторите Преработувачка индустрија за 0.7 проценти и во Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 0.9 проценти, а намалени се во Рударство и вадење камен за 1.5 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 проценти.

Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторите Рударство и вадење камен за 15.7 проценти, во Преработувачка индустрија за 3.6 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.7 проценти и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.4 проценти.

Би можело да ве интересира

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален бројот на работници во индустријата

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Негативен природен прираст во 66 општини во земјава

Намален бројот на работници во индустријата