Индијците заинтересирани за инвестиции во Македонија

Од:

Индијците предводени од сопругата на мултимилијардер Субрата Рој, првиот човек на „Сахара Груп“, кои вчера пристигнаа во Скопје, денеска го комплетираат тимот со втор авион, со што ќе бидат вкупно 45 луѓе и во текот на денот ќе отпатуваат за Охрид.

Покрај сопругата на Субрата Рој, која е и потпретседател на компанијата, дојде и неговиот син, а во делегацијата е и познат филмски продуцент од Индија, дел од филмската групација, чија задача е да разгледа делови каде во иднина евентуално би можело да се снима некој од филмовите што ги прави нивната компанија.

Индијците, кои синоќа се сретнаа со премиерот Никола Груевски, се најзаинтересирани за инвестиции во туризмот, земјоделството, рудниците…

Директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Виктор Мизо е задолжен да ја придружува делегацијата додека се во посета на Република Македонија. Со делегацијата е и промоторот на Македонија во Индија Тони Атанасовски, но и неколку луѓе од Агенцијата за странски инвестиции, слободните зони, како и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јордан Трајков.

Делегацијата во Македонија ќе престојува до понеделник, а викендов ќе им се приклучат и неколку министри. Се очекува да се сретнат и со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Луѓето кои се со нив се експерти во различни области и треба да соберат податоци за детална анализа. Тие велат дека првиот човек на компанијата Субрата Рој на многу бизнисмени и пријатели од Индија им ги раскажал своите импресивни впечатоци за Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, покрај средбата со премиерот, делегацијата имаше кратка прошетка низ Скопје каде забележале дека многу луѓе со кои се сретнале низ градот им зборувале за нивната посета, за Индија, за познатите индиски серии… Прва дестинација која гостите од Индија ја посетиле била Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој e прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија. Ваботува околу два милиони луѓе, има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети… Првиот човек на „Сахара груп“, ја посети земјава пред две недели и најави дека планира голема инвестиција во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ