Субрата Рој, Индиецот кој во Македонија беше претставен од страна на премиерот Никола Груевски бил криминалец. Ова го пишува магазинот „Граѓански“, во најновото издание според кој врховниот суд на Индија го осудил Субрата Рој поради неговите финансиски малверзации.
Тој сега мора да им врати 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони измамени граѓани.Информацијата за пресудата како и сторијата за случајот како што се наведува во Грагански ја објавила агенцијата Ројтерс за која компанијата на милијардерот Сахара одбила да даде изјава.
„Пресудата против Рој е донесена на 31 август и во истата се наредува две фирми на Рој во рок од 3 месеци да платат 4,5 милијарди долари, пари на измамени граѓани кои им ги зел преку продажба на конвертибилни обврзници“, пишува Граѓански.
Премиерот Никола Груевски, министрите Зоран Ставревски и Бил Павлевски и директорот на слободните зони Виктор Мизо во почетокот на март годинава беа во Индија.
Во мај дојде Рој ,беше свечено пречекан, со министерот Ставревски одржа и прес конференција а потоа тој отвори и фирма во Македонија „Сахара глобал ком“. Рој најави и дека ке направи Лас Вегас во Македонија и многу други инвестиции кои ќе тежат милијарди, а интерес пројави и за инвестирање во Охрид.