ИНА: Албанците во Македонија имаат право на револуција

Од:

Новинската агенција на албански јазик од Скопје, ИНА – Iliria News Agency, на интернет страната од 31 октомври објави колумна во која се повикува на револуција на Албанците во Македонија, потпишана од Валбона Вардари.

Повикувајќи се на филозофот Хенри Дејвид Торо познат по своите напади врз американските социјални институции, авторот сугерира на ставот од неговата книга „За должноста на граѓанската непослушност”

Се наведува дека албанскиот народ, „во состојба на бескрајни мизерија под колонијална окупација во ПЈРМ, изневерен од политичките елити, мора да ја земе својата судбина во раце и да  не ја трпи повеќе, како што пишува,  потчинетоста на “Славо-македонската влада која е тиранска“.

Во текстот се упатува и порака до „сите сегашни соработници на оваа влада кои немаат совест да дејствуваат против насилничката власт“ дека ќе дојде денот кога ќе страдаат.

Поради ова се заклучува дека „ албанскиот народ под колонијалната власт во Република Македонија има право на револуција“.

„Одбивање и отпорот кон оваа колонијална терористичка и антиалбанска држава се од витално значење за остварувањето на слободата, и сите луѓе мора да дејствуваат против словено македонската влада и на крајот да го остварат правото на самоопределување и деколонизација, правото на референдум за создавање на единствена национална држава, етничка Албанија“,пишува авторот.

Во текстот  се упатува и апел до Албанците: „Дејствувај и бори се против славомакедонската колонијална власт, за слободата на вашите деца“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март