Ин мемориам Вера Вучкова – Жежељ

Од:

Во 90-та година од животот, денеска во Скопје почина актерката Вера Вучкова – Жежељ, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ кој на 3 април 1945 ја одиграл својата прва претстава „Платон Кречет“.

Во таа историска претстава, Вучкова ја изговори митската реплика „Сонцето! Колку е блиску сонцето!“

Родена на 24 август 1925 во Кнежа, Република Бугарија, Вучкова својата актерска дарба ја искажувала уште на училишните години. По матурирањето во Битолската гимназија (1944), и се приклучила на легендарната партизанска театарска група на АГИТПРОП, со која, во ноември 1944, стасала во штотуку ослободеното Скопје. Како и Петре Прличко, Илија Милчин, Тодор Николовски, Василие Поповиќ-Цицо, Димитар Ќостаров, Тома Владимирски, Крум Стојанов…, таа „природно“ влегла во Македонски народен театар, станувајќи една од неговите први актерки.

Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на Областен македонски народен театар во Горна Џумаја/Благоевград. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона 1947-1948.

Кариерата ја продолжила во Бугарија, каде како првенка на театрите во Благоевград, Димитровград и Бургас, играла полни 16 години.

Во 1964 се врати во Македонија, во ансамблот на МНТ, со кој настапувала и по пензионирањето во 1982. Својата последна МНТ-овска премиера ја одиграла на 3 април 1987, како Цонка во обновената постановка на „Чорбаџи Теодос“.

Во 2005 година, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на Вера Вучкова – Жежељ и додела награда за животно дело.

Утре во 11 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморација. Последното испраќање ќе биде на градските гробишта Бутел, во капела 12:30, а погребот ќе биде во 13:30 часот.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Кларенс Вилијамс Третиот, познат телевизиски „фраер“ од 70-те

Жарко Настоски

Нова трагедија: Почина Марко Божиновски, 20-годишен ракометар на Металург

Жарко Настоски

Почина д-р Кочо Серафимов, професор на Медицинскиот факултет во пензија

Ана Ололовска

Почина Војислав Зивчевиќ

Ана Ололовска

Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ

Ана Ололовска

Почина легендарниот музичар Ѓорѓе Марјановиќ, ја загуби битката со Ковид-19

Мери Јордановска

Leave a Comment

two × five =