Импровизирана лабораторија за производство на марихуана откриена во куќа во Гевгелија, притвор за едно лице

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ со Гевгелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД сијалици и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство