Имотот на семејството Рашковски зголемен за над 50 илјади евра откако тој си замина од функцијата генерален секретар на Владата

Од:

За над 50 илјади евра е зголемен имотот на семејството на Драги Рашковски, откако тој престана да биде Генерален секретар во Владата и беше назначен за Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, покажуваат податоците на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Тој некаде кон крајот на септември минатата година поднесе оставка од функцијата генерален секретар, по што мораше да достави и анкетен лист за тоа со колкав имот ја напушта функцијата. Откако беше назначен на новата функција, Рашковски согласно законот поднесе нов анкетен лист за имотната состојба, а ако се споредат двата, се доаѓа до заклучок дека неговиот, и имотот на неговите деца, за кој пишува дека е „стекнат со договор за подарок“ е зголемен за над 50 илјади евра, а дополнително на тоа, тој во меѓувреме вратил и заем од речиси 20 илјади евра и видно го намалил земениот кредит.

Во период додека Рашковски е Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, тој го препишал земјоделското земјиште во Струмица од над 2 илјади квадратни метри вредно 9,7 илјади евра на име на неговите деца. Стан вреден над 65 илјади е пријавен и додека тој бил генерален секретар и на новата функција, иако не се знае дали станува збор за истиот.

Стариот анкетен лист за имотот на Рашковски
Новиот анкетен лист за имотот на Рашковски

Во 2020 година, имотот на неговите деца се зголемува за уште 24 илјади евра, со оглед на тоа што тие преку договор за подарок добиваат земјоделско земјиште во Поболје од 2.700 квадратни метри.

Новина во анкетниот лист на Рашковски е и автомобил „БМВ“ кое се води на негово име, а чини 11 илјади евра. Освен ова, тој има и мотор „Хонда“ од 12 илјади евра и мотор „БМВ“ од 4.800 евра.

Зголемени се и денарските депозити на неговите деца – изнесувале 30 илјади евра, а сега, се зголемени за уште 4 илјади евра.

Поранешниот секретар на Владата пред да замине од функцијата имал кредит од 68 илјади евра, а сега, тој е намален на 47 илјади евра. Очигледно, Рашковски го вратил и заемот од речиси 20 илјади евра, со оглед на тоа што тој не е впишан во неговиот нов анкетен лист.

Рашковски во моментов е во центарот на вниманието на јавноста поради две причини –  „360“ го обелодени скандалот дека тој набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен, а софтверот го патентирал самиот тој.

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) веќе изјавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР  се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.

Во екот на оваа афера, Рашковски со семејството замина на годишен одмор во Мексико.

„Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација“, додавајќи дека три години не бил на одмор, па ова патување било по повод роденденот на сопругата“, изјави тој за „Фокус“.

Според она што успеавме да го провериме, еден најевтиниот повратен билет Скопје – Канкун – Скопје чини 879 евра, без багаж, а има и билети од илјада, две илјади, па дури и до три илјади евра.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен