Имотот на Рашковски е поскап кога треба да гарантира за неговата слобода, но недоволен ако државата треба да наплати штета

Од:

И да избега Драги Рашковски, обвинет во случајот поврзан со набавката на софтвери во Владата, судот нема да може да ја наплати целата проценета штета на државниот буџет, за која Обвинителството тврди дека е направена. Имотот кој е под хипотека како гаранција дека тој ќе биде достапен за органите на прогон чини 93 илјади евра помалку од објавената штета со набавката на софтверите. Дополнително, доколку се спореди вредноста на имотот под хипотека, запишана во анкетниот лист и проценката до Апелација, може да се забележи дека неговата вредност е поголема во судската постапка. Сепак, тројца судии прифатија дека овој имот е доволен за Рашковски да се брани од слобода, иако претходно, тој понуди гаранција од скоро половина милион евра која не беше ниту разгледувана, а беше 2,5 пати повеќе од сега прифатената.

Поранешниот генерален секретар на Влада и обвинет, Драги Рашковски, понуди гаранција од имот кој според проценката во судот е вреден 192.980 евра. Според судиите Тања Милева, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, овој имот е доволна гаранција дека обвинетиот нема да избега и ќе се јавува на судења. Ако се земе во предвид дека обвинителката Ивана Трајчева, застапник на обвинението, посочи дека штетата која е направена на буџетот е 286.866 евра, тоа значи дека во случај на бегство, државата нема да може да ја наплати штетата од имотот на Рашковски, ставен под хипотека.

Овој имот на Рашковски е запишан и во неговиот анкетен лист, кој го поднел до Антикорупциска комисија како поранешен функционер во Владата. Па така, за имотот во Струмица во анкетниот лист пишува дека вреди 9.756 евра, а истиот, пред судот има 10,7 пати поголема вредност односно е проценет на 104.450,00 евра.

Вредноста на имотот на Рашковски, според неговиот анкетен лист во ДКСК

Оттука, нејасно е која е реалната вредност на ова земјоделско земјиште со површина од 2089 метри квадратни. Слично е и со вредноста на втората недвижност-стан во Скопје, ставен под хипотека. И таа, поголема вредност има пред судот, отколку во анкетниот лист на Рашковски. Според проценката која ја добиле судиите, станот вреди 88.538 евра, а на истиот, во Антикорупциска вредноста му е за 1,4 пати помала и е заведен дека чини 65.041 евра.

Вредноста на имотот ставен под хипотека, според проценката дадена во Апелација и прифатена од судиите

Во јуни, Рашковски понуди 2,5 пати поголема гаранција за да излезе од притвор односно имот вреден 498.963 евра, споредено со сега. Обвинителството и Апелација, никогаш не открија со кој имот гарантира обвинетиот. Но тогаш, таа не беше воопшто разгледувана, а нему му беше одредена поблага мерка за обезбедување на присуство. Па така, не беше ослободен, но од затворот „Скопје“ во Шутка беше префрлен во куќен притвор.

Тројцата судии од Апелација на почетокот од февруари сепак одлучија дека имотот на Рашковски во Струмица и Скопје се доволни за да веруваат дека тој нема да избега. Вкупната вредност е 192.980 евра. Тој сега се брани од слобода, а доколку не се јави на рочиште и тоа не го оправда, ќе му се одземе имотот врз кој стави хипотека, а е сопственост на неговите малолетни деца.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска