Замрзнат имотот на Рашковски кој им го подари на децата, а куќниот притвор му е продолжен

Од:

Кривичниот суд замрзна имот и трансакциска сметка која се поврзува со ексгенералниот секретар, Драги Рашковски. Ова е направено по барање на обвинителката Ивана Трајчева. Освен на Рашковски, замрзнат е имотот и на фирма која беше сопственик на возило управувано од Рашковски. Воедно, продолжена е и мерката куќен притвор, која му беше одредена на почетокот на јуни месец.

„Во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари. Спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за оттуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп“, информираа од Обвинителството за замрзнување на имотот сопственост на децата на Рашковски, кој им го препиша откако Обвинителството отвори постапка за него.

Привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе да траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот. Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​

Од почетокот на јуни, Рашковски од затворот во Шутка, е пренесен во домашен притвор. Апелација му определи полесна мерка, без да ја разгледува неговата гаранција. За гаранцијата не е одлучувано бидејќи Рашковски барал да се брани од слобода, но сепак, и натаму постои шанса да уништува траги, па така, судот одлучил дека со куќен притвор не постои само можноста да бега или да се крие.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот.

Би можело да ве интересира

Рашковски, сопственикот на фирмата која ги продавала софтверите и ангажирани во Владата добија обвинение

Кристијан Ландов

Затворена истрагата за Рашковски, пред да му истече притворот се очекува обвинение

Кристијан Ландов

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Ана Ололовска

Сите притвореници со полиција, само Рашковски сам на лекар: Судот му кажал дека ако избега ќе оди во Шутка

МВР: Рашковски смее да излезе од дома само за на лекар, во точен период од денот

Катерина Павлова-Николовска

Трајчева побара Рашковски уште еден месец да остане во куќен притвор

Кристијан Ландов