Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Откако пет дена се криеше од јавноста вчера Јанушев самиот се закопа. Прво рече дека имало погрешни внесени податоци во неговиот анкетен лист кои ги корегирал, а потоа дека намерно оставил јавноста да се „излизга“, велат од СДСМ.

– Зошто пет дена молчеше и не кажа за наводно случајно погрешните податоци? Што е ова освен директно признание на Јанушев дека намерно внесувал погрешни податоци? Ако намерно внел погрешни податоци дека подарениот имот му е земјиште со вредност од 325.000 евра, што сакал Јанушев да скрие? Дали сакал да го скрие поклонетиот стан или пак некаква скриена бизнис шема која довела до тоа да му биде поклонет имот во вредност од 325.000 евра? Денес ја откриваме чекор понатаму оваа афера и прашуваме: Дали поклонетиот имот и парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која има имот и Тошковски, влече корени уште од 2010 година, во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ? Тоа е годината кога се случила и криминалната набавка на кинеските автобуси за кои беше осуден Јанушев. Како е дојдено до оваа парцела, каква била постапката за во зградата баш и Јанушев и Тошковски да имаат огромни станови? Каква е поврзаноста на Тошковски во целиот случај? СДСМ располага со нови информации за овој скандал кои наскоро ќе ги објавиме, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ објави документ за кој тврди дека е потврда дека Панче тошковси го заверил како што велат поклонетиот имот на Јанушев.

Експресно реагираше ВМРО-ДПОМНЕ.

– Ако тврдењето на СДС дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година кога тој беше Директор на ЈСП, вистинското прашање е што правела СДС и ДУИ цели седум години власт.Во тие седум години беа политички апсени луѓе за криво ставен потпис, ако имало било што незаконски, сигурно Јанушев ќе одговарал десекратно за истото. Вистината е дека СДС со лагите против Јанушев и Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР. СДС веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети без размислување. Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика, за заштита на внучето на Ахмети. За илустрација, наспроти грлатите чаршав соопштенија на СДС, само 1 лојалист и 1 фракционер беа пријавени за збор на седницата за нови заменици министри. За милиони евра што ги зема пиар куќата на Спасов која ги работи комуникациите на СДС, ова е тешка катастрофа.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

(ВИДЕО) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

СДСМ: Јаневска, дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата?

Горан Наумовски