Илијев: Oпштина Кочани презадолжена

Од:

Општина Кочани е презадолжена и долгот во овој момент изнесува 157 милиони денари или 2,6 милиони евра. Општината е неликвидна, трошоците што ги имаме не ги покриваат приходите, рече денеска на прес-конференција новиот градоначалник на Кочани од редовите на СДСМ и коалицијата Николчо Илијев.

– За само шест дена успеавме да ги согледаме состојбите во финансиското работење на општината кои ни малку не се розови. Општината е презадолжена не само со редовни обврски кои секодјневно доспеваат туку и со кредити, истакна Илијев.

Најголем е долгот во образованието, истакна тој и додаде дека тој во моментот изнесува 43 милиони денари. Овој долг се однесува за превоз на учениците и во делот на обезбедувањето греење.

– Кога ја презедов функцијата на општинската сметка затекнав четири милиони денари и тие во изминатите неколку дена се искористени за подмирување на одредени трошоци пред се струја и телефони, рече Илијев.

Тој посочи дека најголем е долгот кај Средното техничко училиште „Ѓошо Викентиев“ од 24 милиони денари, кај ОУ„Никола Карев“ осум милиони денари додека најмал е долгот кај Музичкото училиште „Ристо Јјуруков“ од 238 илјади денари.

– За надминување на состојбата ќе следи ребаланс на буџетот за оваа година а планираниот буџет за наредната година ќе претрпи измени, нагласи Илијев.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно