Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пуши цигари во кафуле во центарот на Скопје, во дел каде е забрането пушење.
За разлика од сите други кои под „најлони“ мора да пушат на ладното време, Димовски со пријател пушат и седат внатре.
Ова не е првпат, велат за А1он посетители на кафулето, Димовски да има привилегија да запали цигара и внатре. Ваквата пракса е честа во повеќе кафулиња кога се работи за пратеници или функционери, а досега никој и не бил казнет.
Казната за пушење во јавни простории каде што тоа е забрането изнесува од 150 до 300 евра за физичкото лице што го прекршува законот. Казните за правниот субјект се движат од 2.000 до 4.500 евра, а одговорното лице во правниот субјект се казнува со казна од 500 до 1.000 евра. Овие законски измени беа донесени во 2008 година, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.