Илиевски на суд ќе бара 2,7 милиони евра од Мијалков

Од:

Поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски, испрати допис до неколку медиуми, во кој најавува контратужба за директорот на УБК, Сашо Мијалков и отштета од 2.7 милиони евра.

Во дописот, Илиевски, ги наведува ставките по кои ќе го тужи Мијалков, потенцирајќи дека во целост стои зад двата текста објавени во дневниот весник „Фокус“.

Приватната тужба на Илиевски ќе се состои во „загрозување на животот, загрозување на развој на дете, оневозможување на извршувањето обврски – амбасадор официјално лице на Република Македонија“ – напишал поранешниот амбасадор.

Сумата за отштета од два милиони и седумстотини илјади евра, ексамбасадорот вели во дописот, дека ќе ги искористи за отворање невладина организација, која ќе ги промовира демократијата и човековите права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март