Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски денеска одржа прес конференција во индустриската зона Новини, Речица.
Тој, на прес конференцијата истакна дека Владата предводена од СДСМ инвестираше 20 милиони денари во изградба на пристапни патишта, водоводна и, фекална и атмосферска канализација во индустриската зона.

„Се обврзувам како градоначалник на Куманово, да спроведам итна и целосна гасификација на сите домаќинства и иднустриски капацитети во Куманово, вклучувајќи ја и оваа индустриска зона. Гасот е поевтин енергенс и со тоа ќе придонесеме компаниите да бидат поконкурентни на пазарот. Оваа индустриска зона 10 години беше само на хартија, затоа што претходната Владата немаше слух за потребите и за развојот на Општина Куманово.“- истакна Илиевски.

„Владата предводена од СДСМ инвестираше во Куманово како ниедна друга Влада до сега. Во Општина Куманово досега се реализирани само 2000 метра гасификација, наместо 250.000 метра. Ако се продолжи со ова темпо, општината ќе биде гасифицирана за 90 години. Тоа е недозволиво.“- рече Илиевски.

Тој најави стратегија и план за целосна и итна гасификација.

„Со алтернативни извори на финансирање ќе го спроведеме овој евтин енергенс, граѓаните ќе плаќаат многу помали цени за греење, а фирмите ќе станат порентабилни и поконкурентни. “

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана