Илиевски: Дислокација на монтажната гаража во центарот на Куманово

Од:

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово денеска на прес-конференција во центарот на Куманово, до самата монтажна катна гаража која ја постави актуелниот градоначалник Димитриевски, најави дека истата ќе биде отсранета и дислоцирана на место кадешто е потребна.

„Се наоѓаме во центарот на градот, срцето на Куманово. Еден од главните приоритети во наредниот мандат е токму уредувањето на центарот. Се наоѓаме пред монтажниот објект наречен катна гаража, кој ќе биде отстранет по 31-ви октомври. Сообраќајниот метеж не се решава со привремени монтажи, туку со план и идејни решенија. Истата оваа монтажна гаража ќе биде дислоцирана и пренесена таму кадешто ваков тип гаражи се потребни, а не во центар!„ рече Илиевски.

Илиевски потенцираше дека во програмата на СДСМ и коалицијата предвидени се 3 вистински катни гаражи со над 1000 паркинг места, кои им се неопходни на граѓаните за непречено движење низ најпрометните улици, особено во работните денови.

„Знаејќи дека сите значајни институции се наоѓаат токму тука, наместо да се паркира било каде да се заврши определена обврска, секој ќе има можност своето возило да го остави на уредно паркинг место, со што ќе се спречи сообраќајниот метеж, а дополнително ќе се остави простор за пешаците кои поминуваат, слободно да се движат низ центарот.„

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов