Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваме на европско ниво

Од:

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија.

– Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа учествуваат 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и нашата држава. Самото учество во ваква масивна студија претставува чест за мене лично и за ГАК, тоа што нашата клиника е учесник во ваков голем проект е значаен успех. Важно е дека големи европски имиња од областа на гинеколошката онкологија, разбраа дека кај нас, на Универзитетската клиника за гинекологија има група доктори, кои ја продолжуваат традицијата и борбата на нашите учители, со што македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваат на европско ниво, вели д-р Алулоски.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, целта на студијата е да се опфатат што поголем број европски центри кои ја третираат гинеколошката онкологија и по направената посеопфатна анализа на третманот, резултатите од третманот, преживувањето и слични податоци за пациентки оперирани од инвазивен карцином на грло на матка (во IB стадиум на болеста) да се добие поцелосен увид за овој проблем ширум Европа.

-Со посебно задоволство и чест ја прифатив поканата од професорот Чива, потоа следеше период на документирање, собирање, комплетирање на документацијата за пациентките оперирани на ГАК во периодот 2013-2014 година. Студијата беше презентирана и пред стручниот колегиум на Клиниката за гинекологија и акушерство за да се добие „зелено светло“ за учество во студијата. За ова сакам да им се заблагодарам на сите колеги на ГАК, кои ме поддржаа за учеството во студијата, а посебна благодарност до директорката, доц. д-р Викторија Јовановска за безрезервната поддршка. Голем придонес имаше и проф. д-р Куновска од Институтот за патологија. Конечно студијата се објави во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија, што претставува голем успех за ГАК, посочува д-р Игор Алулоски.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка