Ибраимовски: Денеска Ромите во Македонија живеат полошо од било кога

Од:

„Денеска е 8-ми Април Светскиот ден на Ромите. Денес Ромите во Република Македонија живеат полошо од било кога и да е , денес Ромите во Република Макеоднија се 85% невработени живеат сиромашно под прагот на секоја нормална живеачка.

– Моите Роми ги враќаат од граници како да живеат во кафез од којшто излегување нема, Ромите во Македонија живеат во робовладетеско општество а не во нормална демократска држава.

– Им се укинува социјалната помош без никаква причина се бришат од евиденција на агенцијата за вработување. Државата ги третира како граѓани од втор ред дискриминација на секој чекор.

– Од тие причини ние како најстара Ромска политичка партија – ПЦЕР денес го креваме гласот преку медиумите за подобри услови за Ромите во сите сегменти од нашето секојдневно живеење. Тие што денес планираат да прават скапи прослави со скари и музика се „злосторници“ на сопствениот народ. Денес е денот кога треба секој Ром треба да го крене својот глас против диктатурата и дискриминацијата кон Ромите“, вели, преку соопштение, Самка Ибраимовски.

 

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска