Ибраимовски бара премиерот да истражи кој шири омраза кон Ромите

Од:

Деновиве низ социјалните мрежи, во вид на видео запис, се врти видео нарачано со намера јавно критикувајќи ја опозициската партија СДСМ, да ја посоодвестуваат со нашата ромска популација која на најнизок степен ја омаловажуваат и јавно навредуваат, во стилот на Миленко Неделкоски. Ваквите навреди ги квалификуваме како ширење на фашизам и расизам, од страна на поедини платени членови на ДПМНЕ, за правење на вакви видеа со расистички содржини.

Кому ние ромите му згрешивме да на овој начин ни возвраќате? Ромската заедница во Македонија, која има интегрална улога и која до ден денес се залага за целите и стремежите на оваа наша заедничка држава, која со Устав ги гарантира правата и слободите на нејзините граѓани.

Сметаме дека поентата со ваквите расистички и фашистички видеа е да се сврти вниманието на јавноста од нејзиното неадекватно владеење.

Се прашувам дали ДМПНЕ од својата кујна за лаги и невистини со вакви расистички видеа од нејзините членови сака сите проблеми кои самата ги направи да ги смести на товар на ромската заедница во Македонија или со ова само се одвлекува од вистинските реални проблеми со кои се соочува државата? Јавно го повикувам Премиерот и сите други државни институции, да ја истражат вистината за ваквите расистички видеа и да ја преиспитаат политиката која ја води неговата партија.

Со ваквите расистички видеа не се гради соживот, толеранција и почитување. Со ова само се зголемува омраза , национализам и дискриминација. Наместо преку социјалните мрежи да се подигне свеста за градење и креирање на мрежни инцијативи за едуцирање од доменот на антидискриминација и други поважни едукативни работи.

Барам видето да биде повлечено од социјалните мрежи на интернет од страна на творците од членовите на ДМПНЕ кои се платени за ова и јавно да се извинат за нивните расистички навреди пред целата јавност.

Видеото со расистички содржини ќе го доставам до ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Советот на ЕУ, до Амбасади и до Ромскиот Форум каде и јас сум делегат во Стразбур при Советот на Европа.

И на крајот изјавата на комесарот на Советот на Европа Мужниекс, од 29 ноеври 2012, Властите на ФИРОМ треба да бидат насочени кон градење на доверба и промоција на социјалната интеракција меѓу заедниците, како и за борба против дискриминацијата и да се стави крај на социјалната исклученост на ромската популација. Наместо оваа порака еве што ни испративте Вие, членовите од ВМРО ДПМНЕ!

Самка Ибраимоски

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он