Ибраимоски: Позитивниот извештај на ЕК е доказ дека одиме по вистинскиот пат

Од:

Позитивниот извештај на Европската комисија е доказ дека Република Северна Македонија оди по вистинскиот пат, рече на денешната прес-конференција пратеникот Самка Ибраимоски.

– Не само што ЕК ни даде позитивен извештај, туку овој пат ја потврди и мојата работа во Собранието, односно на Интерпарламентарната група во делот на ромското прашање, рече тој,

Ромите, како што посочи, повторно се на највисок ризик на сиромаштија и додаде дека има простор за работа по однос на подобрување на состојбата на Ромите.

-Сиромаштијата останува сериозен проблем, но со новиот Закон за социјална заштита се очекува подобрување на сиромашните невработени лица и гарантирано минимално ниво на помош, рече Ибраимоски.

Во делот на образованието, како што рече, сé уште постојат бариери за редовно и квалитетно образование, а сегрегацијата во училиштата останува висока.

Тој апелираше за систематско решавање на проблемите на Ромите и за решавање на проблемот со децата на улица.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп