Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Од:

Врховните судии ја потврдија затворската пресуда за предметот „Рекет“ каде на Катица Јанева и беше одредена седумгодишна затворска казна, а на Бојан Јовановски му беше изречена деветгодишна затворска казна. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичен суд и Апелација, а сите донесоа идентична одлука.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, велат од Врховен суд.

Обвинетите Јанева и Јовановски сметаа дека има суштествени повреди во постапката поради кои бараа предметот да се врати на повторно судење. За ова говореше и Лазар Јанев, адвокат и син на Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски