И утре дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 11, а дневната ќе достигне до 14 степени.

И во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе има и повеќе сончеви периоди, но ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец. Во среда максималната температура ќе се движи од 12 до 19, а во четврток со претежно стабилно време ќе се движи од 14 до 21 степен.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он