„По некоја случајност и јас бев повикан денес во 12.00 да се јавам во ПС Беко со образложение дека има некаква поплака против мене. Не сакам да верувам дека и мене ми го подготвуваат истото сценарио како на проф. д-р. Здравко Савески од Левица, но за секој случај не отидов. Ако веќе решиле да ме апсат, нека се помачат малку.
Грујо!!! Џабе ти е се. Еден ќе уапсиш, десет нови ќе дојдат. Како и да е, како и да правиш, готов си. Затоа вечерва, и да врне и да вее и бура да коси, сите на протест, масовно“, напиша Ангелов на Фејсбук.