А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

И со Нокиа 3310 може да се прислушува, тврди вештакот предложен од Миле Јанакиески

by Васко Маглешов15/10/2019 - 11:0115/10/2019 - 11:01699
Share0

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот кој е професор на меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ го испрашуваше обвинетиот Миле Јанакиески, особено за смс пораките во СЈО кои заедно со прислушуваните разговори се дел од доказите во случајот.

Добивај вести на вибер

Симев на прашањето на Јанакиески на кој начин може да се следат комуникациите, одговори дека тоа може да биде законски и незаконски. Незаконското следење на комуникациите, според него, можело да се направи на пет начини, а еден од нив бил преку мобилниот телефон марка Нокиа 3310.

„Тој телефон се поврзува со компјутер и може да се следат комуникациите за кој било број“, рече Симев.

Петтиот начин на прислушување вештакот го дознал во септември кој бил објавен во извештај во светски рамки.

Јанакиески го претстави вештакот Симев пред судот како експерт за следење смс комуникација и го прашуваше конкретни прашања за GSM, и енкрипција на комуникацијата.

Меѓу седумтемина обвинети за овој предмет кој е во фаза на доказна постапка се поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за траснпорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Обвинетите во 2011 сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Со постапката на уривање на објектот била предизвикана штета од 16 милиони евра, а на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

tnt

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

Горан Наумовски06/11/2023 - 15:51

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески06/11/2023 - 11:2806/11/2023 - 12:33

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Катерина Ѓуровски06/11/2023 - 08:51

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска08/05/2023 - 15:16

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска08/05/2023 - 07:5208/05/2023 - 08:21

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов29/12/2022 - 12:1529/12/2022 - 14:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен