И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски.

-Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив. Секако останува овој текст отворен за дополнување, корекции, се разбира треба да се усогласи со уставниото име на државата, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ. Нејзини очекувања се дека за еден ваков документ би требало да има широк консензус, потсетувајќи дека и политичките партии и граѓаните имаат ист став за идентитетските прашања.

Овој став го дели и пратеничката од ЛДП Моника Зајкова.

-Ни беше презентиран истиот текст што вчера беше споделен со медиумите. За нас драфт – резолуцијата е прифатлива, имавме забелешки само во делот каде што треба да се усогласи уставното име. Собранието треба да биде обединето околу ова прашање, изјави пратеничката Зајкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни