И покрај протестите, матура оваа година ќе има

Од:

Законски утврдените рокови се испочитуваа, 15 илјади ученици од четврта година пријавија матура што укажува дека најголем дел од учениците се подготвуваат за матура, вели министерката за образование Мила Царовска.

„Сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели и соништа, и секако да нагласам дека матурата е законска обврска што значи заокружување на образовниот процес или добивање на диплома што понатаму важи и за продолжување на образованието и за вклучување на пазарот на трудот“, вели Царовска.

Таа претходно изјави дека само учениците од една скопска гимназија имаат организиран бојкот на наставата, додека другите се помали изолирани групи, а во некои средни училишта воопшто нема бојкот.

Од наредната година таа најавува дека ќе има соработка меѓу Министерството и средношколците за подготвување на тоа како ќе изгледа новата концепција за матурата.

Би можело да ве интересира

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска