И обвинителката Гешковска куртули за 27 април – 6 месеци ќе зема помала плата

Од:

Обвинителите Златко Биковски, Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски куртулија од разрешување за несоодветно непостапување на 27 април во Собрнието. Петчлената дисциплинска комисија при Јавното обвинителство одлучи тие половина година да земаат само 30% помала плата поради тоа што биле пасивни и не ги презеле потребните истражни дејствија за настаните од крвавиот четврток во Собранието, дознава „А1он“. Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог за разрешување.

Според нашите информации, критичниот ден не бил направен веднаш увид во Собранието и не биле собрани доказите, наводно поради безбедноста на обвинителите, а не бил свикан ниту колегиум во кој членуваат и виши обвинители.

Увидот бил направен следниот ден в петок на 28 април, од двајца обвинители, но дотогаш веќе биле изнесени компјутерските хард дискови со снимките од законодавниот дом. Дисциплинската комисија која работи од средината на 2018 година, сослушала сведоци кои ги предложиле посочените тројца обвинители.

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски вечерта на 27 април свикал состанок на тројцата обвинители и заедно одлучиле да не постапат критичната вечер за организираниот напад на Собранието на 27 април. Зврлевски не може да биде дисциплиниран, зашто веќе не работи во Обвинителството.

Гешкоска, Биковски и Цветановски имаат право на жалба во рок од 8 дена до Советот на јавните обвинители. Предметот во јули 2017 година беше предаден на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое оформи предмет и чие судење е во тек.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он