И македонските професори со критики за Болоњскиот процес

Од:

Во отсуство на темелна анализа за успешноста на Болоњскиот процес на студирање во Македонија, професорите и експртите за образование врз основа на своите досегашни искуства оценуваат дека овие реформи не ги постигнале очекуваните резултати.

Како што веќе објави А1он, додека во регионот се почесто се дискутира и анализира успешноста на овој начин на студирање, во Македонија се уште нема темелна анализа за позитивните и негативните аспекти на процесот.

Откако е потпишана Болоњската декларацијата (2003 година), во Македонија се спроведуваат реформите во високото образование, но уште нема сеопфатни анализи кои би ги претставиле предностите и проблемите на овој вид образовен процес. Повеќе години наназад наместо анализи, кои ќе ја оценат успешноста на примената на Декларацијата, во Македонија се вметнуваат нови реформи.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска за А1он вели дека анализи за жал не прават ниту самите универзитети, туку првенствено невладините организации под покровителство на Владата, која по секоја цена сака ова да го прикаже како успешна реформа.

Додека во светот се повеќе држави ја преиспитуваат Болоњската декларација (Германија), или ја напуштаат (Шведска, Словенија), коментира Ванковска, кај нас воопшто и не се разговара на оваа тема.

Од регионот, особено во Хрватска се повеќе се отвара прашањето колку е успешен Болоњскиот процес. Јутарњи лист, ги пренесува коментарите на хрватските професори за проблемот „Болоња“, а тие велат дека најголемиот дел од вината е кај двете законски одреби, односно онаа која некогашните четиригодишни студии ги изедначува на степенот магистер и онаа која за додипломските студии издава сертификат наместо диплома.

грковскаКритиките за Болоњскиот процес стануваат се погласни, објаснува за А1он Славица Грковска, поранешен претседател на собраниската Комисија за образование. Според неа главната причина е во вулгаризацијата на самата идеја, и на концептот кој го нуди Декларацијата.

„Наместо проодности и мобилност на студентите, целиот процес се сведе на запишување кредити за предметите и „а-б-ц“ проверка на знаење. Тоа, како и непостоењето на стратегија за високото образование, ад хок законски решенија со кои се исполитизира високото образование и се наруши автономијата на Универзитетите, придонесе за намалување на квалитетот на високообразовните кадри“, вели Грковска.

Болоњскиот процес во Македонија се повеќе се соочува со големи проблеми, вели професорката Ванковска и објаснува дека иако според системот кој претпоставува професорите да работат во мали групи, од нив се очекува во полн амфитеатар со студенти да изведуваат интерактивна настава во која ќе има активно учество на студентите, а тие ќе треба за тоа контиуирано да ги оценуваат. Таа потенцира дека заради политичко и социо- економските услови, бројот на студенти што се запишуваат на факултетите е огромен, а тоа обезбедува масовност, но не и квалитет на студирањето.

bvankovska

„Оценувањето или се дехуманизира (се воведуваат „читачи“ на тестовите), студентите наместо да учат да се изразуваат и аргументираат, заокружуваат одговори и се почесто се служат со разни технички помагала за препишување (па професорите стануваат полицајци и чувари)“, вели Ванковска.

Болоњскиот процес со системот 3+2 (или интегрираните студии 4+1) е воведен за да им обезбеди на студентите по три години бечелор диплома со која тие се подготвени за вработување.
Во Македонија, по воведувањето на овој систем се забележува зголемен број на студенти кои завршуваат магистерски студии. Во 2012 година, според податоците од Државниот завод за статистика, со звањето магистер на науки и специјалист се стекнале 1.568 лица, што претставува зголемување за 21,2% во споредба со 2011.

Можеби за студентите, коментира Ванковска, Болоња е совршена бидеќи не бара преголем интелектуален напор, но за професорите е катастрофална, бидејќи не можат да си ја извршат мисијата како што треба.

„Немањето на асистенти, огромиот фонд на часови и ангажман на додипломски, постдипломски и докторски студии, се само дел од проблемите со кои, според Ванковска се соочуваат професорите. Администрирањето кое секој професор мора сам да си го направи, е уште еден проблем, заради кој страда научно- истражувачката дејност“, објаснува таа.

Советот за високо образование кој требало да се формира веднаш од како е донесен Законот за високо образование во 2008, е формиран неодамна, а Славица Грковска како поранешен претседател на Комисијата за образование и наука, вели дека споротивно на Уставот и Законот е дотогашната улога на Владата како Совет.

„Советот е тој што треба да анализира и да предлага решенија, како да се надминат проблемите. Состојбата е толку алармантна, што магистри и доктори на науки никнуваат како печурки, па првото прашање што си го поставуваме кога ќе слушнеме дека некој магистрирал е: „Магистрираше по старо или по ново“, што само по себе кажува се“, заклучува Грковска.

Билјана Ванковска вели дека придобивките од овој начин на студирање таа лично не ги гледа.

„Имам чувство дека влеговме во лавиринт од кој не можеме да излеземе, а исходот е дебилизација на студентската популација од која не се бара да размислува критички, креативно, да се подготвува за испити и да аргументира , туку да собира бодови со сите (не)дозволени средства“, заклучува Ванковска.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска