И архитектите бараат повлекување на планот „Мал ринг“: Нема потреба од презентација се додека не се исфрлат спорните објекти

Од:

И Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ бара повлекување и преработување на планот „Мал ринг“ откако минатата недела повлекување на планот побара поранешната претседателка на Советот на Општина Центар, Јана Белчева – Андреевска. ААМ побарала повлекување на планот преку писмо испратено до градоначалникот Саша Богдановиќ и до сегашната претседателка на Советот Цветанка Симоновска.

„Причината заради која бараме да го повлечете предлог-планот е едноставнa. Во планот се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект ’Скопје 2014’. Како најголемо здружение на архитектите во Република Северна Македонија, ААМ се залагаше за институционална ревизија на проектот ’Скопје 2014’ и институционално справување со насилниот чин на промена на централното градско подрачје. Но, тоа не го дочекавме. Напротив, со овој предлог план вие давате институционална потврда и реафирмација на изградениот, но што е уште пострашно и на неизградениот дел од проектот ’Скопје 2014’. Нашата зачуденост е уште поголема бидејќи на 17 декември 2017 година донесовте одлука, која сѐ уште важи, за мораториум на градба во општината додека сите планови кои сметате дека се лоши не се ревидираат. Новите ревидирани планови ги носите по приоритет, притоа условите за приоритетот по кој се носат плановите никогаш не ѝ беше соопштен на јавноста. Бидејќи овој план е повеќе од 90% реализиран, ААМ подразбира дека приоритет ви е изградба на Споменикот Мајка Тереза (поставен врз ул.Орце Николов), т.н Шпански скали, потврда на додадениот трем на Стоковната куќа НАМА од арх. Славко Брезовски и потврда на статусот на заштита на Спомен куќата на Мајка Тереза и Триумфалната порта, и со тоа конечно завршување на проектот ’Скопје 2014’“, стои во барањето на Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата нагласуваат дека секогаш имале разбирање за деталните планови каде има комплицирани имотно-правни односи и секогаш се залагале за оптимално решение.

„Но, овде станува збор за објекти и земјиште во државна сопственост и објекти кои во својата срж, во најмала рака се спорни, поради што сметаме дека за ваков предлог-план нема потреба од јавна презентација и јавна анкета пред спорните објекти да бидат исфрлени од планот. Јавна презентација на ваквиот план беше веќе еднш направена кога се презентираше проектот ’Скопје 2014’ во 2010 година“, велат од ААМ.

Како дообјаснување на ставот на ААМ во врска со овој план архитектите му го испратиле на градоначалникот Богдановиќ и писмото од Вонредното собрание на ААМ, одржано по повод проектот „Скопје 2014“, кое во 2010 година беше испратено до тогашниот премиер Никола Груевски во кое најостро се спротивставуваат на проектот „Скопје 2014“.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека нема да го повлече планот и објасни дека тој е ставен на јавна анкета среде лето оти сега завршила со работа комисијата. Јавната презентација на предлог – планот е утре во 10 часот, а јавната анкета ќе трае 30 дена.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ