Богдановиќ не го повлекува планот „Мал ринг“, на презентација в среда граѓаните ќе влегуваат еден по еден  

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес и официјално го разгледал барањето за повлекување на планот „Мал ринг“ и одлуката е планот да не се повлече. Утре и писмено ќе ѝ одговорат на поранешната претседателка на Советот Јана Белчева – Андреевска која во петокот побара планот да се повлече, да се доработи и на презентација да се стави во септември. Таа смета дека планот е особено значаен и за него не треба да се расправа среде лето, во услови на пандемија и во период кога јавноста е преокупирана со избори.

„Формално – правно немаме основа да го повлечеме планот, а освен тоа сметаме дека не треба да се повлекува. Суштински сме стигнале до оваа фаза, се работи за јавна презентација и сите што имаат забелешки за предложениот план, од среда ќе имаат можност да ги кажат. Презентацијата ќе биде во Општината, овде се внимава на мерките за заштита од коронавирус. Граѓаните ќе влегуваат еден по еден, ќе се внимава на дистанцата, а има и средства за дезинфекција. Доколку има интерес ќе останеме и подолго време“, вели градоначалникот Богдановиќ за „А1он“.

Тој во петокот објасни дека планот е ставен на разгледување среде лето оти комисијата која го работела повеќе од една година сега завршила со работа. Смета дека секакви споредби со претходната власт која имаше пракса плановите да ги става на јавна анкета во лето кога сите се на одмор, е неумесна оти оваа анкета ќе трае еден месец.

Јавната презентација на предлог – планот „Мал ринг“ е закажа за в среда во 10.00 часот во салата за состаноци во барака број 6

Белчева – Андревска замерува за тоа што предложениот план ги потврдува спорните објекти од проектот „Скопје 2014“ за кои граѓаните очекуваа дека со новиот план ќе бидат избришани.

„ Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но се уште се дел од планот. Тоа се : Шпански скали, Мајка Тереза меморијалниот објект, катната гаража во зеленилото зад Собрание и Дом на АРМ, сите споменици од Скопје 2014, објектите во коритото на Вардар, па дури  и онаа спорна ќебапчилница пред хотел ’Холидеј Ин’. Која е причината да се брза со план за кој има толку многу отворени прашања и постапки? Ова е план за зелена престолнина со изгубено зеленило, а без решение за озеленување. План е за стимулирање и привлекување на возила кон центарот на градот нудејќи им паркинг под плоштадот (на две нивоа), зад АРМ, зад Министерството за правда, зад Палома бјанка… со што ќе трпи протокот на јавниот превоз во и кон Центарот. Може ли ова да е решение за загадувањето кое го трпиме во центарот?“, наведе Белчева – Андреевска во барањето за повлекување на планот испратено до Општина Центар.

Градоначалникот Богдановиќ објасни дека Шпанските скали ги има и во предложениот план оти сè уште не е раскинат договорот за продажба на државното земјиште, избришани се спомениците од проектот „Скопје 2014“ кои не се изградени, како и неизградените галии. Галиите и спомениците што се веќе поставени, Богдановиќ вели дека е правно неизводливо да ги избрише во овој момент. Тоа ќе биде можно откако Град Скопје ќе ги раскине договорите за галиите и кога ќе ги урне спомениците.

Јавната презентација на предлог – планот „Мал ринг“ е закажа за в среда во 10.00 часот во салата за состаноци во барака број 6.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ