А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

И актерите како земјоделците: Со закани на протести против опозицијата

by А1он21/12/2012 - 10:1621/12/2012 - 19:16274
Share0

Поради јавно одбивање да учествува на протестите на уметниците против опозицијата ,ќерка на познат македонски режисер од синоќа трпи закани и уцени од нејзини колеги на Фејбук.

Добивај вести на вибер

Еден од нив, директор на еден театар преку профилот на својата сопруга и порача

„Не си ни свесна со кого си влегла на оро, но јас ќе ти ги демаскирам играчите, кои ти се на левата и на десната страна од орото.

– Тоа се истите тие што цел живот татко ти го тепаа по глава и со кои тој до ден денес бие битка. Тоа се истите луѓе кои мене ме понижуваа до крај додека беа на власт. Не заборавај како, зошто и од кого си вработена. Сигурно тоа не е затоа што си најпаметна, најубава и најталентирана“, напишал колегата.

На крајот и порача да не му објаснува ништо, зашто не сакал да контактира, и ја потсетил дека „Луѓето што се предавници на своето семејство, се предавници и на самите себе“.

Вчера се појави соопштение дека денеска се одложуваат пробите и вежбите и дека сите треба да се појават на мирниот протест.

Известувања со ваква содржина биле објавени на огласните табли во Македонската опера и балет, во Филхармонијата и во „Танец“.

На протест, преку нивниот Фејсбук профил, повика и Драмскиот театар од Скопје.

 

baletbudzetkulturateatar

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

Горан Наумовски14/12/2025 - 13:56

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Горан Наумовски10/12/2025 - 18:04

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Катерина Ѓуровски10/12/2025 - 14:30

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 09:12

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски27/11/2025 - 19:0127/11/2025 - 23:28

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 09:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен