Хуманитарни пакети во рамки на Неделата на имунизација во Делчево, Пехчево и Виница

Од:

Хуманитарни пакети и информативни флаери за значењето на имунизацијата на ромски семејства кои оваа и минатата година добиле новороденчиња доделува невладината организација КХАМ во соработка со општините Делчево, Пехчево и Виница, а во рамки на Eвропската недела на имунизација.

Традиционалната активност на невладината организација почна од Делчево, при што во ромското маало, беа доделени 20 хуманитарни пакети.

Зоран Биковски од НВО КХАМ, потенцираше дека со оваа активнсот се дава придонес во јакнење на свеста за значењето на здравјето и вакцините.

– Сакаме да дадеме придонес кон јакнење на здравјето, односно пристапот до здравствените услуги, но и општо, здравјето за сите. Ова е шанса да ги провериме здравствените книшки на бебињата, дали редовно се вакцинираат и заедно со локалната власт да дадеме придонес кон подигнување на свеста за грижата за сопственото здравје. Здравјето е најважно и единствено можеме да кажеме дека ако имаме здрави поколенија ќе имаме и здрава иднина, рече Биковски.

Тој истакна дека оваа посета на ромските семејства овозможува и да се детектираат деца кои не се идентификувани во системот, или т.н. деца фантоми.

Стефанија Стојчевска од oпштина Делчево, потенцираше дека секоја година се вклучуваaт во оваа активност и детектираат социјално загрозени семејства со мали деца на кои им е потребна помош.

– Општина Делчево се вклучува во оваа акција со цел да помогнеме на семејствата, да се подигне нивната свест за значењето на вакцините, рече Стојчевска.

За регионот на Делчево, Пехчево и Виница планирани се 49 хуманитарни пакети кои ќе ги додели НВО КХАМ, додека уште толку пакети ќе обезбедат општините. Инаку, според податоците на невладината организација, процентот на опфатеност со вакцинација на ромските деца во овој регион е над 90 отсто. Бројот на вакцинирани девојчиња од ромска националност со ХПВ вакцина е двојно поголем oд бројот на вакцинирани македонски девојчиња.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он