Хуманитарна помош за шестчленото семејство во село Градиште

Од:

Хуманитарна помош му донираше Црвениот крст-Куманово на шестчленото семејство во село Градиште кое живее во субстандардни услови.

Брашно, прехранбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки, се дел од помошта.

Црвениот крст-Куманово ќе го вклучи семејството во новиот циклус од проектите за хумана вредност, а планира и хуманитарен-спортски настан за собирање средства кои, исто така, ќе бидат наменети за ова семејство.

– Апелираме до сите хумани граѓани кои имаат покуќнина, кревети, каучи, комоди,…, а не ја користат, заеднички да му погнеме на шестчленото семејство, велат од Црвениот крст-Куманово.

Црвениот крст ќе продолжи да контактира со семејството цела година и во рамки на своите можности ќе му обезбедува најнеопходна помош. Во семејството има три малолетни деца.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

A1on

Апел за помош на малиот Војдан

Градинки и родители од Кисела Вода собраа помош за дете чија куќа изгоре во пожар

Жарко Настоски

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Потребни донации за Слободан Попов, кој има напредна фаза на рак на колк и треба да оди на операција во Солун, отворени телефонски броеви и сметки

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска