Маици, чаши, лампи, фотографии, накит,…, ќе бидат дел од вечерашната хуманитарна аукција за децата чии родители се корисници на дроги или сексуални работници.
Аукцијата ја организираат Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ и ХОПС, а ќе се одржи во Јавна соба.
Ќе се продаваат дела на уметниците Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска, Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Dreadpen, Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво, Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Р, Ирена Мила, Никола Пијаманов, Крсте Анастас Глигорјадис и Галерија Анагор, Маноли Динковски, Верица Пиперевска, Љупчо Бојаров, Alex Pette, Коста Клифов, но на аукцијата ќе има и изработки од дечиња.
Според ХОПС, предвидени се тивко наддавање, со пишување на хартија и гласна аукција што ќе ја води актерот Сашко Коцев. Ќе има и кутија за дарежливи раце, како и директна продажба на книги.
Во аукцијата се вклучени и родители со свои дела.
– Се радуваме дека со ова мрдање на прсти ќе разубавиме нечии животи, вели Ирена Мила од ХОПС.
Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува, а секој штој сака да се пријави за следните аукции или да пријави проблем, тоа може да го направи преку веб-страницата www.mrdnisoprst.mk или на www.facebook.com/MrdniSoPrst.