Градската организација на СДСМ – Скопје организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од поплавените места.
„Да донираме дел од нашите исправни електрични апарати за домаќинство и облека на најпогодените граѓани од поплавата во Скопје“, велат во соопштението.
Хуманитарната акција ќе се одржи во општините Карпош, Бутел и Чаир на ден 18.09.2016 (недела) од 10:00 до 20:00 часот, на следниве пунктови каде ве очекуваат младите од СДММ:
Карпош:
Млечен ресторан
Трговски центар „Алумина“
Порта Влае („BOX“ кафе).
Бутел:
Маркет „Тедико“ – старо кино Бутел
Трговски центар „Живко Брајковски“
Трговски центар „Радишани“
Чаир
Маркет „Принц“