Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Од:

Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина и отвора врата на безброј можности за младите. Тоа е нашата голема идеја, суштината на нашата посветеност, саможртва и го правиме токму за вас, младите, порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски во дискусија со младите социјалдемократи, учесници на Летниот камп на СДММ.

-Од една страна да ви оставиме решени проблеми, чист терен, чист пат. Никој да не може да ве негира повеќе, вас, вашиот идентитет, посебност, култура, тоа прашање еднаш за на век да го затвориме и да бидете посветени на вашата иднина. Тоа е суштината на нашата посветеност, саможртва па би рекол и визионерство за европскиот проект, рече Зечевиќ.

Од друга страна да ги имате истите можности, придобивки, ресурси како што го имаат вашите врсници во Европа, додаде тој.

– Членството во ЕУ отвора врата на безброј можности за младите, за личен и професионален напредок, пристап до најдобро образование, културна размена, нови хоризонти, фер шанса. Создава средина каде што вашите идеи можат да процветаат и да направат разлика. Затоа социјалдемократијата е водечки принцип кога станува збор за градење европско, напредно општество рамо до рамо со големите државотворни народи од Европа. Ние, македонските социјалдемократи за тоа се бориме. Тоа е современ патриотизам на 21 век, потенцираше Зечевиќ.

Македонската иднина не е прашање на поединци. Колективната свест и совест раѓа колективен напредок. Затоа вие младите мора да бидете моторот којшто ќе ја поттикнува таа колективна свест, рече Зечевиќ.

-Бидете активни затоа што вие младите сте носители на промените и вајари на иднината. Ја имате нашата поддршка. СДСМ и лично јас како човек, пред сѐ, а потоа и како политичар, ќе направиме сè Македонија да продолжи по европскиот пат, да бидат спроведени реформите, да ја оствариме стратешката цел за членство во ЕУ. Сериозно сметаме на вашиот капацитет, на вашата енергија и полетност кои ни се и тоа како потребни, додаде Зечевиќ.

Летниот камп веќе е препознатлив бренд на СДММ. Со тоа што носи името на нашиот прерано починат другар Трајче Нешковски, можеби е најдобрата симболика за суштината.

Трајче беше борец за слобода, за правда, симбол за искрено другарство, но и за искрена и вистинска љубов спрема една политичка партија, идеологија и идеја.

Овие вредности знам дека сите ние овде во оваа сала, но и надвор од неа, длабоко во себе ги носиме. Нека бидат темелот врз којшто ќе го градите вашиот понатамошен младински активизам во СДСМ базиран на другарство, почит и искрена љубов кон социјалдемократската идеја, посочи генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски во дискусијата со младите социјалдемократи денеска во Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ